Линкови за пристапност

САД и Куба потпишаа договор за поморско разграничување


На само неколку дена пред Трамп да ја презеде претседателската функција

САД и Куба потпишаа договор за поморските граници во источниот дел на Мексиканскиот залив.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека договорот се однесува само на поморските граници кои не` биле дел од претходните договори меѓу двете земји.

Договорот треба да биде одобрен од американскиот Сенат пред да стане официјален.

Куба претходно потпиша сличен договор со Мексико, за разграничување во истиот дел на Мексиканскиот залив.

Трите земји разговараа за границите од средината на минатата година.

Договорот САД-Куба се случи на само неколку дена пред Доналд Трамп да ја презеде претседателската функција. Тој се закани дека ќе ревидира некои до договорите на претседателот Барак Обама, како што се повторното воспоставување на дипломатски односи и олеснување на патувањето.

XS
SM
MD
LG