Линкови за пристапност

Јелен за каматните стапки на САД


Директорката на американската Централна банка предупредува дека падот на берзите и слабата економија на глобално ниво, може да го забави темпото на зголемување на каматните стапки во САД

Директорката на американската Централна банка, Џенет Јелен, предупредува дека падот на берзите и слабата економија на глобално ниво, може да го забави темпото на зголемување на каматните стапки во САД.

Пред конгресните законодавци, првиот човек на Федералните резерви, ја елаборираше политиката на каматни стапки на банката, а последен пат тоа го стори во декември, кога нивното ниво беше подигнато за прв пат по речиси 10 години.

Јелен кажа дека иако ризиците се интензивираат, постојат мали шанси дека Федералните резерви ќе ја анулираат одлуката од декември. Таа додаде дека неизвесноста околу политиката на кинеската валута и нејзините економски импликации, придонеле за „зголемената нестабилност на глобалните пазари“.

XS
SM
MD
LG