Линкови за пристапност

Видео: арктички студ и снег во САД


Бафало под покривка од 1,5 метри

Најмалку четири жртви се припишуваат на исклучително студеното време и обилните врнежи од снег што ги зафатија САД. Температурите во сите 50 сојузни држави паднаа на точката на мрзнење или под неа. Националната метеоролошка управа соопшти дека дури и на Хаваите, на 3.900 метри високиот врв на пасивниот вулкан Мауна кеа, биле забележани температури под нулата.

Во сојузната држава Њујорк, снежниот нанос ги зароби жителите во нивните домови и затекна многу возачи на автопатиштата. Дури и во градот Бафало, каде обилните врнежи на снег не се реткост, жителите вчера ги изненади покривка од речиси 1,5 метри. Властите предвидуваат дека таа би можела да достигне 1,8 метри до крајот на денешниот ден. Властите очекуваат ново невреме да ја погоди областа во четврток.

XS
SM
MD
LG