Линкови за пристапност

Речиси 5.000 лица го гасат шумскиот пожар во Калифорнија


Пожарникарски возила близу Националниот парк Јосемити
Пожарникарски возила близу Националниот парк Јосемити

Огнената стихија се протега на површина од преку 800 километри квадратни.

Речиси 5.000 пожарникари учествуваат во гасењето на големиот шумски пожар во сојузната држава Калифорнија, што зафати и дел од Националниот парк Јосемити.

Гасењето е отежнато поради тешко пристапниот, стрмен терен. Според Американската шумарска служба, пожарот е на површина од преку 800 километри квадратни, а веќе уништил вегетација на 82.000 хектари. Пожарот однесе и преку 100 домови, деловни и други објекти, а во опасност се околу 4.500. Досега е ставена под контрола една третина од
огнената стихија.

Властите користат беспилотни летала, како оние што се употребуват во Авганистан, за да откријат како се шири пожарот. Шумарската служба очекува целосно да го стави пожарот под контрола до 20-ти септември.

Во тек е истрага за причината. Пожарот е еден од десетината што деновиве беснеат низ западниот дел на САД.
XS
SM
MD
LG