Линкови за пристапност

Изгаснати 20% од пожарот во Националниот парк Јосемити


Само еден од 50-тината што ја пустошат вегетацијата во западниот дел на САД.

Пожарникарите напредуваат во гасењето на големиот шумски пожар во Калифорнија што се заканува на еден од најпознатите национални паркови.

Властите синоќа соопштија дека се изгасени 20% од огнената стихија што се протега на 652 километри квадратни.

Над 3.700 пожарникари учествуваат во гасењето, на опфати земјиште од речиси 61.000 хектари, меѓу што и дел од Националниот парк Јосемити во централниот дел на Калифорнија. Акцијата ја отежнуваат силните ветришта, високите температури и екстремно сувите временски услови.

Расчистувајќи ја околната ниска вегетација и поставувајќи прскалки, пожарникарите прават заштитен обрач околу џиновските дрва секвоја во паркот - едни од најстарите примероци на растителниот свет на Земјата.

Во пожарот настрадаа десетици домови и деловни објекти, а тој се заканува и на резервоарот што обезбедува вода за пиење за Сан Франциско.

Пожарот во Јосемити е еден од 50-те што во моментов ја пустошат вегетацијата во западниот дел на САД.
XS
SM
MD
LG