Линкови за пристапност

Трамп најавува заострување на имиграционата политика


Во меѓувреме, Клинтон и потпретседателот Џо Бајден ја продолжија кампањата во родниот град на Бајден, Скрантон, Пенсилванија.

Во рамки од претседателската трка, Доналд Трамп повика на, „екстремна селекција“, вклучувајќи и идеолошка проверка, за да се обезбеди дека само лицата кои ги споделуваат американските вредности и го почитуваат американскиот народ, ќе можат да емигрираат во САД. Во меѓувреме, Клинтон и потпретседателот Џо Бајден ја продолжија кампањата во родниот град на Бајден, Скрантон, Пенсилванија.

Републиканскиот претседателски кандидат во понеделникот во Охајо ја образложуваше својата имиграциона и надворешна политика.

„За да ги спроведеме овие процедури, ќе мора привремено да ја прекинеме имиграцијата од некои од најопасните региони во светот, со минато на извезување на тероризам. Тоа не е за нас“, истакна Трамп.

Тој повторно ги критикуваше претседателот Барак Обама и демократската кандидатка Хилари Клинтон, заради, како што кажа, лошите проценки во Ирак, Сирија и Либија, но не ја повтори претходната изјава, при што претседателот Обама го нарече основач на Исламската држава.

Потпретседателот Бајден за време на обраќање во Пенсилванија го критикуваше темпераментот на Трамп, интелегенцијата и квалификациите за да биде на претседателската функција.

„Идеите на Трамп не само што крајно погрешни, тие се мошне опасни и неамерикански. Откриваат игнорантски однос спрема нашиот Устав“, изјави Бајден.

XS
SM
MD
LG