Линкови за пристапност

Убиствени торнада: аномалија или климатски промени?


Убиствени торнада: аномалија или климатски промени?
Убиствени торнада: аномалија или климатски промени?

САД мораат да најдат подобар начин да се заштитат, која и да е` причината.

2011-та е рекордна година за торнадата во САД. Која е причината? Дејвид Ајми, које на чело на Центарот за предвидување на невремиња при Националната управа за океански и атмосферски состојби објаснува дека карпестите Планини спречуваат големите количини на влага од Мексиканскиот Залив да се шират натаму запад, со што се создаваат услови за појава на торнада, и тоа сконцентрирани на средниот дел на САД.

„Воедно, Карпестите Планини придонесуваат и за сув воздух, што создава идеални услови за силни невремиња и торнада“, вели Ајми.

Преку 200-те торнада што се случија само изминатиот месец се своевидна аномалија, смета научникот.

„Тоа е многу во споредба со другите години. Тешко е да се каже дали ова навестува некаков тренд во иднина, наведува Ајми.

Дали рекордниот број на торнада во САД има врска со глобалните климатски промени?

Вилијам Чамедис е стручњак за атмосферски промени и декан на Катедрата за животна средина Николас при Универзитетот Дјук.

„Речиси е неверојатно да ги издвоиме овие специфични настани и да кажеме дека се причинети исклучиво од климатските промени. Од друга страна, знаеме дека токму поради климатските промени, многу е веројатно дека овој вид на настани ќе станат вообичаени, почести и поинтензивни. Едно е сигурно: ваквите настани се конзистентни на климатските промени“, смета Чамедис.

Ваквото размислување ги подвлекува резултатите од извештајот на Националниот истражувачки совет што го нарач американскиот Конгрес, објавени порано месецов. Чамедис, кој е потпретседател на Советот, алармира дека глобалното затоплување е реалност и дека е потребна итна акција да се ограничи неговото влијание, како и подготвеност за последиците.

„Не знаеме што точно ќе се случи, но знаеме дека се соочуваме со ризици“, вели тој.

Чамедис додава дека поуката од убиствените торнада во САД е дека без оглед на софистицираната метеролошка технологија, земјата мора да најде начини подобро да се заштити, без разлика дали се предизвикани од климатски промени или не.

XS
SM
MD
LG