Линкови за пристапност

Обама ќе стави вето на легислативата за 11-ти септември


Конгресот се очекува да се обиде да ја отфрли мерката на претседателот.

Претседателот Барак Обама ќе стави вето на легислативата со која на преживеани или роднини на речиси 3000-те лица загинати во терористичките напади врз САД во 2001-та, би им се дозволило да ја тужат владата на Саудиска Арабија за да добијат оштета.

Обама додаде дека мерката ќе доведе Американските во странство да бидат изложени на правни ризици.

Конгресот се очекува да се обиде да го отфрли ветото на претседателот, за што ќе биде потребно мнозинство од две третини од гласовите.

Ријад порекна каква било вмешаност во нападите. Сепак, 15 од 19-те напаѓачи, кои ги киднапираа четирите патнички авиони во Њујорк и Вашингтон, беа идентификувани како Саудијци.

XS
SM
MD
LG