Линкови за пристапност

САД протераа двајца венецуелски дипломати


Николас Мадуро, вршителот на должноста претседател на Венецуела, со примерок на Уставот на земјата, на прес-конференција во Каракас

Николас Мадуро, вршителот на должноста претседател на Венецуела, со примерок на Уставот на земјата, на прес-конференција во Каракас

Вашингтон реагира на минатонеделното протерување на свои воени аташеа.

САД протераа двајца дипломати на Венецуела, во знак на одмазда за минатонеделната одлука на официјален Каракас да протера двајца Американци - воени аташеа.

САД сакаат да ги поправат односите со Венецуела по смртта на претседателот Хуго Чавез, но засега нема голем напредок.

Американски официјални лица потврдија дека дипломатите од понизок ранг Орландо Хозе Монтанез Оливарес и Виктор Камакаро Мата вчера ги напуштиле САД.

Венецуелски претставници, кои претходно ги обвинија САД дека се одговорни за ракот на претседателот Хуго Чавез, навидум се обидуваат да подбуцнат антиамериканско расположение пред изборите во април за нов лидер на нацијата.
XS
SM
MD
LG