Линкови за пристапност

Посетата на Турција на првиот човек на Пентагон се случува во време кога кај Вашингтон постои се` поголема загриженост за тензиите околу операцијата за повторно заземање на Мосул од милитантите на Исламската држава.

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер денеска е во посета на Турција, а на средбите со виши политички и претставници на одбраната, се очекува да изврши притисок Анкара да го почитува ирачкиот суверенитет.

Посетата на Турција на првиот човек на Пентагон се случува во време кога кај Вашингтон постои се` поголема загриженост за тензиите околу операцијата за повторно заземање на Мосул од милитантите на Исламската држава.

Турција се обидува да има поголема улога во битката за вториот по големина град во Ирак, но ирачката влада се противи на турска воена инволвираност. САД стравуваат дека тензиите меѓу двете земји можно е да водат кон прекин на договорот со кој спротивставените секташки и етнички паравојски се држат надвор од Мосул.

Картер истакна дека веќе подолго време било дискутирано за почитување на ирачкиот суверенитет во време на акцијата против ИСИС, додавајќи дека притоа е од особена важност да се задржи фокусот, а тоа е пораз на организацијата Исламска држава, бидејќи таа е вистинската закана, кажа тој.

XS
SM
MD
LG