Линкови за пристапност

Бајден во Анкара ќе ја потврди поддршката за Турција во НАТО


Меѓу другото разговорите ќе бидат фокусирани на заедничките напори во борбата против Исламската држава

Американскиот потпретседател Џо Бајден е во посета на Турција, во време кога турските воени сили го почнаа нивниот прв воен напад против Исламската држава и курдските борци во Сирија.

Бајден и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најверојатно ќе разговараат за нивните заеднички напори, во борбата против Исламската држава.

Посетата на Бајден доаѓа во време на затегнати односи меѓу Анкара и Вашингтон.

Многу Турци велат дека се лути заради наводната недоволна недостига солидарност од Западот, по обидот за државен удар минатиот месец, при кој загинаа најмалку 240 лица, а турскиот Парламент беше бомбардиран.

Бајден се очекува јавно, пред турските лидери, да ја потврди поддршката на САД за клучниот сојузник во НАТО.

Турција ја има втората најголема воена сила во НАТО, и е дел од коалицијата предводена од САД, против Исламската држава во Ирак и во Сирија.

Изминативе месеци, таа беше честа мета на терористички напади на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG