Линкови за пристапност

Нова забрана за патување – сега без Ирак


Трамп потпиша нова извршна наредба, всушност ревидирана верзија на јануарската, што ќе влезе во сила на 16-ти март

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нова извршна наредба, забранувајќи влез на патници од шест држави за три месеци и забрана за влез на сите бегалци за четири месеци, откако федерални апелациони судии минатиот месец блокираа слична наредба.

Новата извршна наредба се разликува од претходната верзија од 27-ми јануари по неколку клучни аспекти.

Најзабележлива промена е што Ирак е изземен од листата. Новата одредба се однесува само на лица од Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.

Новата забрана стапува на сила на 16-ти март и нема да се однесува на лица со статус на постојани жители, како и на патници со валидна виза, издадена пред 27-ми јануари.

Во новата наредба се изоставени одредби за забрана на влез на неопределено време за сириски беглаци во САД и преференци дадени на „религиозните малцинства.“

XS
SM
MD
LG