Линкови за пристапност

Средношколецот од Висконсин победи во Националниот шампионат во Њујорк.

Средношколецот Остин Виршк од сојузната држава Висконсин веќе втора година по ред е победник на Националниот шампионат во брзо испраќање на текстуална порака преку мобилен телефон во Њујорк.

17-годишникот беше најдобар по четирите рунди на натпреварувањето што се одржува на Тајмс сквер.

Виршк доби награда од 50.000 долари, за која вели дека ќе ја употреби за натамошното универзитетско образование.

Во натпреварот се тестираат три вештини: брзина, прецизност и умешност.

Учениците мораа да минат низ три рунди, меѓу кои и текстирање со заврзани очи и текстирање со рацете зад грб.

Натпреварот го спонзорира производителот на мобилни телефони Ел Џи електроникс.
XS
SM
MD
LG