Линкови за пристапност

Уапсен студент од Бангладеш за терористички напад


Цртеж од судницата: Нафис (во средината) со адвокатот (лево).
Цртеж од судницата: Нафис (во средината) со адвокатот (лево).

Властите го товарат 21-годишниот Кази Нафис дека сакал да ја крене во воздух зградата на Федералните резерви во Њујорк.

21-годишниот студент од Бангладеш Кази Мухамед Резванул Асан Нафис, уапсен дека наводно планирал напад врз зградата на Федералните резерви во Њујорк, синоќа беше изведен пред федерален суд во Њујорк, по што му беше одреден притвор.
Зградата на Федералните резерви во Њујорк
Зградата на Федералните резерви во Њујорк
Американските власти го уапсија Нафис под сомнение дека планирал да активира експлозив во комбе пред канцеларите на американската централна банка. Командирот на полицијата во Њујорк Реј Кели информираше дека Нафис дошол во САД во јануари годинава со конкретна намера да изврши терористички напад на американска почва. Според Кели, осомничениот бил инспириран од Ал-Каида и откако пристигнал во САД, се обидел да најде соучесници.

Веста за апсењето на Нафис на екран зад полицаец во Њујорк.
Веста за апсењето на Нафис на екран зад полицаец во Њујорк.
Властите наведуваат дека на барање на Нафис, тајни агенти му обезбедиле 20 вреќи со лажен експлозив. Тој вчера заминал во складиште, каде од добиениот материјал составил бомба од 450 килограми. Комбето со бомбата го паркирал во близина на зградата на Федералните резерви и се обидел да го активира експлозивот, не знаејќи дека е лажен. Властите истакнуваат дека Нафис цело време бил следен и дека во ниту еден момент не била загрозена јавната безбедност.

Владиниот Оддел за правда соопшти дека Нафис е обвинет за обид да употреби оружје за масовно уништување и да даде материјална поддршка на Ал-Каида.

Според властите, Нафис непосредно пред нападот снимил видео порака во која вели: „Нема да запреме се` додека не оствариме победа или умреме како маченици“.
XS
SM
MD
LG