Линкови за пристапност

Опасност Ал-Каида да удри по инфраструктурата во САД


Опасност Ал-Каида да удри по инфраструктурата во САД

Опасност Ал-Каида да удри по инфраструктурата во САД

Одделот за домашна безбедност предупредува дека можни мети се хемиските фабрики, рафинериите, нуклеарките...

Американско владино соопшение предупредува на опасноста екстремистите да се обидат преку инфилтрирани лица да извршат саботажа на јавната инфраструктура во САД како хемиските фабрики, нафтените рафинерии и нуклеарните централи.

Одделот за домашна безбедност во соопштението објавено неделава наведува дека екстремистите успеале да навлезат и се обиделе да регрутираат вработени во јавната инфраструктура.

Па сепак, портпарол на Одделот за домашна безбедност наведе дека нема конкретни информации за непосредна опасност. Портпаролот кажа дека неколкуте неодамнешни инциденти ја подвлекуваат натамошната закана по инфраструктурата од лица и одвнатре, и однадвор, а кои бараат информации што може да се употребат при евентуален напад. Соопштението наведува дека тоа може на Ал-Каида да и` овозможи да нападне на годишнината од терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва. Материјалите собрани во рацијата во која беше убиен Осама бин Ладен покажале дека тој посакувал голем напад токму за годишнината.

Соопштението го наведува и случајот на наводен регрут на Ал-Каида, Американец, кој работел во пет нуклеарни централи во Пенсилванија, пред да биде уапсен во 2010-та.

XS
SM
MD
LG