Линкови за пристапност

САД размислуваат за помош во оружје за сириската опозиција


Припадници на опозициската Слободна сириска армија на позиции во близина на Алепо

Припадници на опозициската Слободна сириска армија на позиции во близина на Алепо

Претседателот Обама наводно се` уште не донел одлука, но побарал од советниците да размислат за најдобриот начин.

Американскиот претседател Барак Обама наводно размислува да достави оружје до сириската опозиција, потег за кој САД се` досега имаа резерви, поради стравувањето дека оружјето би можело да падне во рацете на бунтовниците настроени против Западот.

Виши претставници на Белата куќа наведуваат дека претседателот се` уште не донел одлука, но дека побарал од својот тим за национална безбедност да ги утврди начините на кои САД би можеле да ја зголемат помошта за опозицијата.

Се` досега, помошта беше ограничена на несмртоносни средства.

Портпаролката на Националниот совет за безбедност Кејтлин Хајден синоќа соопшти дека американската помош за опозицијата „оди по нагорна линија“. Но, официјални лица наведуваат дека се` уште се испитуваат можностите за политичко решение на сириската криза што трае преку две години.

На прес-конференција во Белата куќа, Обама вчера кажа дека му требаат повеќе факти за употребата на хемиско оружје во Сирија пред да се одлучи на построга акција против владата на претседателот Башар ал-Асад.
XS
SM
MD
LG