Линкови за пристапност

Матис: САД ќе го разгледаат предлогот за безбедносни зони во Сирија


Со предлогот се предвидува преземање мерки за намалување на борбите во четири области каде бунтовниците кои не се поврзани со Исламска држава имаат контрола на значајни територии

Секретарот за одбрана на САД, Џим Матис вели дека САД внимателно ќе го разгледаат планот на Русија за воспоставување на зони за „деескалација“ во Сирија .

„Ѓаволот е во деталите“, рече Матис кога беше запрашан за иницијативата.

Русија, Турција и Иран се согласија на предлогот на Москва од минатата недела за договор за воспоставување на т.н. зони за „деескалација“ во Сирија, во обид да се стави крај на шестгодишниот конфликт.

Претставниците на трите земји кои го гарантираат прекинот на огнот во Сирија потпишаа заеднички меморандум на крајот на последната рунда од мировните преговори во Астана, Казахстан.

Предлогот повикува на преземање мерки за намалување на борбите во четири области во Сирија, каде што бунтовниците кои не се поврзани со Исламска држава, имаат контрола на значајни територии.

Иницијативата влезе во сила во петокот на полноќ. Русија соопшти дека зоните се затворени за авиони од коалицијата предводена од САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG