Линкови за пристапност

Претседателот Трамп дал зелено светло за акцијата, што е одговор на овонеделниот напад со хемиско оружје. САД велат дека зад него стои режимот на Асад

Претставници на Пентагон за Гласот на Америка изјавија дека САД отпочнале воздушни напади врз Сирија, како одговор на нападот со хемиско оружје за кој се обвинуваат силите на сирискиот претседател Башар Ал-Асад, при што загинаа околу 100 цивили.

САД употребиле 70 крстосувачки ракети Томахавк од бродови на американската армија стационирани на Медитеранот.

Претседателот Доналд Трамп, на пат за Флорида, каде се сретна со неговиот кинески колега Ши Џингпин, за новинарите изјави дека она што се случи во Сирија е "срам за човештвото".

"Она што Асад го направи е ужасно. Сметам дека она што се случи во Сирија е нечуено злосторство што не требало да се случи и што не требало да се дозволи да се случи", кажа Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG