Линкови за пристапност

Сенатот дозволи истекување на програмата за собирање телефонски податоци


Друг закон е во работа во Конгресот што ќе ги „балансира безбедноста и приватноста“

Агенцијата за национална безбедност на САД го изгуби законскиот авторитет да собира телефонски податоци откако Сенатот не успеа да се договори во неделата за продолжување на неколку провизии кои беа воведени по терористичките напади од 11 септември.

Некогаш тајната програма за собирање информации како телефонски броеви, датуми и должина на разговорите во напор да се осуетат осомничени терористи, предизвика критика од Американците кои тврдат дека ја нарушува нивната приватност.

Нов закон, кој веќе помина во Претставничкиот дом, може да ја модифицира програмата за да дозволи на Агенцијата да побара дата од телефонските компании за поединечни случаи, но не и самата да собира. Сенатот не ја одобри мерката пред истекувањето на важноста на шпионската програма на полноќ во неделата, но сепак има шанси да ја усвои подоцна неделава.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест доцна во неделата кажа дека Сенатот треба да реагира брзо за да постапи по, како што рече, „неодговорниот прекин“. Тој рече дека новата програма е „разумен компромис што ја балансира безбедноста и приватноста“.

XS
SM
MD
LG