Линкови за пристапност

Шпионирањето на НСА „немало видливо влијание“ против тероризмот


Тврди истражувачката организација „Фондација Нова Америка“ во најнов извештај.

Ново истражување заклучува дека масовното собирање на телефонски податоци од Агенцијата за национална безбедност (НСА) „немало видливо влијание“ во спречувањето на терористички чинови.

Истражувачката организација „Фондација Нова Америка“ од Вашингтон денес објави дека по анализирањето на 225 случаи на лица поврзани со некаков вид на тероризам во САД од нападите на 11-ти септември 2001-ва - наваму, заклучила дека следењето на телефонските податоци од страна на НСА играло клучна улога само во еден случај.

Во извештајот на Фондацијата стои дека само еден дел од собраните податоци имал видлива улога во отворањето на истрага против таксист од Сан Диего, кој подоцна беше осуден за испраќање на 8.500 долари за сомалиска филијала на Ал-Каида во 2007-ма и 2008-ма.

Фондацијата наведува дека разузнавањето на НСА можеби одиграло улога и во други истраги, но дека околу 60% од информациите во откриените случаи дошле преку традиционални методи како поткажување од член на семејство или информант, или пак пријава за сомнителна активност.
XS
SM
MD
LG