Линкови за пристапност

Планета како Земјата


Во сончев систем на оддалеченост од 1.400 светлосни години

Американските научници го прославуваат откривањето на планета што има неверојатна сличност со Земјата.

НАСА соопшти дека анимацијата за тоа како изгледа планетата, којашто ја објави американската вселенска агенција, е направена врз основа на опсервациите со вселенскиот телескоп Кеплер.

Џон Џенкинс од Институтот за потрага по интелигентна форма на живот во вселената (СЕТИ) информираше дека планетата била забележана како кружи околу далечна ѕвезда којашто личи на Сонцето.

„Најверојатно има околу пет пати поголема маса од онаа на Земјата и двапати поголема гравитација. Очекуваме атмосферата да биде погуста и да има поголема обвивка од облаци. На оваа планета најверојатно се` уште има мошне активни вулкани“, вели Џенкинс.

Планетата е дел од сончев систем којшто е на оддалеченост од 1.400 светлосни години од Земјата.

XS
SM
MD
LG