Линкови за пристапност

САД и Јужна Кореја на заедничка воена вежба


Сеул и Вашингтон тврдат дека воената вежба по природа е чисто дефанзивна: американски војници на вежбата од 2013-та година

Сеул и Вашингтон тврдат дека воената вежба по природа е чисто дефанзивна: американски војници на вежбата од 2013-та година

Ја игнорираат заканата од Северна Кореја

САД и Јужна Кореја денес започнаа со редовната годишна воена вежба, и покрај гневните закани од Северна Кореја.

Вкупно 80.000 војници учествуваат во компјутерски планираната вежба којашто симулира одговор на армиска инвазија од Северна Кореја.

Вежбата се случува во време на зголемена напнатост на Корејскиот Полуостров, откако двајца војници од Јужна Кореја беа осакатени во експлозија на мини додека патролирале долж демилитаризираната зона. Јужна Кореја ја обвини Северна Кореја дека ги поставила мините и саботата, по првпат последниве десетина години, возврати со емитување на пропагандни пораки преку звучници во близина на границата.

Северна Кореја возврати дека емитувањето на пораките и воената вежба практично претставуваат објава на војна и се закани дека ќе возврати со „најсилна армиска акција“.

Сеул и Вашингтон тврдат дека воената вежба по природа е чисто дефанзивна.

XS
SM
MD
LG