Линкови за пристапност

Видео: Бафало под 1,5 метри снег, најмалку седум жртви на невремето


Метеоролозите за денес најавуваат нов нанос, до еден метар

Најмалку седум лица починаа во американската сојузна држава Њујорк како резултат на исклучително студеното време и рекордните врнежи од снег.

Националната метеоролошка управа најави и до еден метар нов снежен нанос и силни ветришта во Бафало и околината, во време кога градот веќе е затрупан под бела покривка од 1,5 метри.

„Повикавме напомош стотици припадници на Националната гарда, а ќе повикаме уште повеќе, да го заменат персоналот што досега работеше и треба да се одмори. Невремето ќе потрае со денови, судејќи според метеоролошкиот модел“, изјави гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, којшто веќе прогласи вонредна состојба во 10 општини на сојузната држава.

Во Бафало веќе има снег колку што би паднало во една просечна зима во градот, а зимата официјално треба да настапи дури за еден месец.

„Излегов надвор за да земам нешто за јадење и пиење, за да ја пребродиме ситуацијава“, вели жителка на градот, една од ретките што се охрабри да го напушти домот.

Метеоролозите сметаат дека ова несекојдневно невреме се должи на интеракцијата на релативно топлите води на Езерото Ири и студените ветриша што дуваат на неговата површина. Таквите невремиња се непредвидливи. Додека Бафало е затрупан во снег, областите на само пет километри оддалеченост се под покривка од пет сантиметри.

XS
SM
MD
LG