Линкови за пристапност

Втор ден жесток распит за потврда на Горсач во Врховниот суд


Тој одби да биде опишуван како едностран судија, кој секогаш застанува влијателни економски интереси

Во Сенатската комисија за судство и денеска продолжува распитот по номинацијата на Нил Горсач на функцијата врховен судија. Тој се очекува да го пополни испразнетото место во Врховниот суд по смртта на Антонин Скалиа во февруари 2016-та.

Сенаторката Дајен Фаинстаин од Демократската партија, истакна дека целта на сослушувањето е да се процени како одлуките на Горсач ќе влијаат врз американскиот народ и дали тој ќе ги штити легалните и уставни права на сите Американци, а не само на богатите и моќните.

Горсач одби да биде опишуван како едностран судија, кој секогаш застанува влијателни економски интереси:

„Штом ќе ја ставам тогата, на ум имам дека согласно Уставот, во овој дом, законодавците избрани од народот носат нови закони, извршната власт е должна да обезбеди дека тие закони се чесно спроведени, додека неутралните и независни судии, во судски постапки, се должни да ги применуваат законите. Доколку судиите се само тајни законодавци, претставувајќи го законот онака како што тие би сакале да изгледа, а не каков што навистина е, тогаш, самата идеја за влада на народот и за народот, би била доведена во ризик“, рече тој.

Распитот за потврда на Горсач се очекува да трае најмалку два дена. Подоцна Комисијата ќе се изјасни дали номинацијата ќе биде ставена на гласање пред полн состав на Сенатот.

XS
SM
MD
LG