Линкови за пристапност

Сенатот ќе гласа по серија мерки за контрола на оружјето


Во моментов не е јасно дека кој и да е предлог ќе може да мине во Конгресот

Една недела по нападот во Орландо, Сенатот се очекува да гласа по серија предлози за блокирање на продажба на оружје на лица осомничени за тероризам и поголема проверка на купувачите на оружје во САД.

И покрај бројните осуди на нападот и ветувањата дека ќе се најдат начини за превенција на слични инциденти, не е јасно дека која и да е мерка за контрола на оружјето, ќе може да мине во Конгресот. Мнозинството републиканци во Конгресот велат дека домашниот тероризам инспириран од Исламската држава, е виновникот за нападот во кој загинаа 49, а повредени се преку 50 лица.

Демократите не се обесхрабруваат. Минатата недела преку парламентарната тактика позната како „филибастер“, сенаторот Крис Марфи од Конектикат говореше цели 15 часа на оваа тема. Републиканците инсистираат дека фокусот за контрола на оружјето е погрешно воден. Сепак, тие дозволија денеска Сенатот да гласа по прашањето, додека сенаторот Марфи неговите напори ги нарече успешни.

XS
SM
MD
LG