Линкови за пристапност

САД тврдат дека Русија отвора артилериски оган преку границата со Украина


Имаме нови докази дека Русите планираат да достават потешки и помоќни повеќекратни ракетни лансери до сепаратистичките сили во Украина

Имаме нови докази дека Русите планираат да достават потешки и помоќни повеќекратни ракетни лансери до сепаратистичките сили во Украина

Планира да достави помоќно ракетно оружје до сепаратистите, според Стејт департментот

САД тврдат дека Русија отвора артилериски оган преку границата со Украина и дела цели на украински армиски позиции што се борат против проруските сепаратисти.

„Имаме нови докази дека Русите планираат да достават потешки и помоќни повеќекратни ракетни лансери до сепаратистичките сили во Украина, како и докази дека Русија отвора артилериски оган од Русија, напаѓајќи ги украинските армиски позиции“, изјави денеска портпаролката на Стејт департментот Мари Харф. На редовниот брифинг за новинарите таа кажа и дека информацијата се заснова на разузнавачки податоци, но не даде детали.

Русија цело време тврди дека не е вмешана во сепаратистичкото бунтовништво во источна Украина. САД и европските сојузници, пак, ја обвинуваат дека ги потпалува немирите со тоа што ги обучува бунтовниците.

XS
SM
MD
LG