Линкови за пристапност

САД и Русија притискаат за примирје во Сирија


Примирје во Алепо како гаранција за преговорите: Џон Кери, Лакдар Брахими и Сергеј Лавров во Париз

Примирје во Алепо како гаранција за преговорите: Џон Кери, Лакдар Брахими и Сергеј Лавров во Париз

Уште пред почетокот на мировната конференција закажана за наредната недела.

САД и Русија сакаат да поттикнат примирје во Сирија, започнувајќи со Алепо, еден од најтешко погодените градови од граѓанската војна, како основа за успешни мировни преговори меѓу завојуваните страни.

Американскиот државен секретар Џон Кери, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и специјалниот посредник на ОН и на Арапската лига, Лакдар Брахими, се сретнаа во Париз, каде дискутираа и за можноста за размена на затвореници и непречен пристап на хуманитарните работници.

Кери се надева дека мировната конференција за Сирија, што треба да започне следната недела, ќе значи почеток на крајот на „конфликтот без преседан“ што трае речиси 3 години. За американскиот државен секретар, успех би бил и еден „добар почеток“ на преговорите меѓу сириската влада и бунтовниците кои се обидуваат да го сменат претседателот Башар ал Асад, а не само конечната спогодба. Тој подвлече дека спротиставените страни се тие што треба да постигнат спогодба, а сирискиот народ тој што треба да одлучи за политичката иднина на земјата.
XS
SM
MD
LG