Линкови за пристапност

Истовремено, Кремљ вели дека е премногу рано да се знае дали ќе има подобрување во односите меѓу двете земји

Неколку часа по затегнатите разговори меѓу државниот секретар Рекс Тилерсон со неговиот руски колега Лавров и претседателот Владимир Путин, Кремљ со став дека во моментов е „премногу рано“ да се знае дали ќе дојде до подобрување на односите САД-Русија.

Според портпаролот Дмитри Песков, тонот на Москва на средбите бил „мошне конструктивен“, истакнувајќи ја потребата двете најголеми нуклеарни сили „да го одржат дијалогот за изнаоѓање на решенија“. Тој сепак подвлече дека Путин на средбата образложил зошто има „застој“ во актуелните односи меѓу двете земји, конкретно околу минатонеделниот хемиски напад во Сирија и ракетниот напад на САД како одговор.

Денеска, Трамп истапи со пооптимистички тон. Преку Твитер тој кажа дека „ќе се средат работите меѓу САД и Русија. Кога ќе треба, разумот ќе преовладее кај сите, и ќе има траен мир“.

Американскиот претседател во средата кажа дека односите на САД со Русија „можно е да се на најниско ниво досега“, а ставот го сподели и Тилерсон на прес-конференцијата по средбите со Лавров и Путин. Шефот на американската дипломатија посочи на недостаток на доверба меѓу двете земји.

Рускиот министер за надворешни работи истакна дека Русија поддржува темелна и искрена истрага за нападот во Сирија и дека Москва нема „да штити никого кој ќе биде одговорен за нападот.“

Претседателот Трамп претходно изјави дека Путин е делумно виновен за седумгодишниот конфликт во Сирија, заради неговата поддршка на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG