Линкови за пристапност

Анкета: се` уште далеку од расна хармонија


„Црните животи значат“, напишано со авто-спреј на споменикот на поранешниот претседател на Конфедерацијата, Џеферсон Дејвис, во Ричмонд, сојузната држава Вирџинија

„Црните животи значат“, напишано со авто-спреј на споменикот на поранешниот претседател на Конфедерацијата, Џеферсон Дејвис, во Ричмонд, сојузната држава Вирџинија

Речиси шесторица на секои 10 Американци сметаат дека во земјата во моментов има лоши расни односи, според истражувањето на Њујорк Тајмс и ЦБС

Нова анкета во САД укажува дека земјата се` уште не навлегла во состојба на расна хармонија којашто многумина ја предвидуваа со изборот на првиот претседател – Афроамериканец.

Речиси шесторица на секои 10 Американци, а меѓу нив и значителни мнозинства на белците и црнците, сметаат дека во земјата во моментов има лоши расни односи, а речиси четворица на секои 10 мислат дека односите се влошуваат, според анкетата на Њујоркс тајмс и вестите на ЦБС, направена минатата недела.

Кусо време откако Барак Обама беше избран за претседател, две третини од Американците сметаа дека расните основи се „во основа добри“.

Во 2008-ма, за време на првата предизборна кампања на Обама, речиси 60% од Афроамериканците ги опишуваа односите како „во основа лоши“. Тој процент се намали за половина веднаш по неговиот избор. Но, сега, 68% проценти од Афроамериканците сметаат дека односите се лоши.

XS
SM
MD
LG