Линкови за пристапност

Продолжува острата реторика меѓу Трамп и Клинтон


Републиканскиот претседателски кандат имаше обраќање пред симпатизери во Вирџинија, а демократката Клинтон во Флорида

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп за време на говор во Вирџинија, кажа дека американскиот народ има „големо срце“, но не може да го преземе ризикот кога станува збор за бегалците. Тој ја обвини демократката Хилари Клинтон за тоа што бара значително зголемување на бројот на мигранти на кои ќе им биде дозволен влез во САД.

„Клинтон сака да дозволи зголемување на бројот на бегалци за 650% од она што дозволува Обама - за луѓето од Сирија и Блискиот Исток. Тој веќе дозволува влез за илјадници луѓе, а ние не знаеме од каде доаѓаат“, кажа Трамп.

Во обраќање во Флорида, пак, Клинтон го критикуваше Трамп за предлогот за употреба на нуклеарно оружје против терористи.

„Трамп дава мошне неповрзани информации за нуклерното оружје, вели, не му е грижа ако други земји го поседуваат, не знае дали тие веќе го имаат употребено“, подвлече Клинтон.

Според најнова анкета на ТВ-мрежата Си-Ен-Ен, Трамп води пред Клинтон со 45 наспроти 43 проценти, додека други истражувања на јавното мислење Клинтон е во водство со околу 3 поени.

XS
SM
MD
LG