Линкови за пристапност

Обама: Претседателската функција не е реално шоу


На САД им се потребни две сериозни партии, со луѓе што ги разбираат проблемите, рече американскиот претседател

Претседателот Барак Обама истакна дека неговата улога за време на овогодишните претседателски избори, е да ги потсети Американците и дека претседателската функција е сериозна работа.

„Ова не е реално ТВ-шоу, изјави тој за време на популарното „Тунајт шоу“ на Ен-Би-Си. Сум бил во ситуација да носам одлуки и да извршам одредени задачи и длабоко верувам дека доколку американскиот народ биде потсетен што е во залог и сите многу важни прашања што треба да ги решиме на правилен начин, тогаш граѓаните треба да направат вистински избор.

Обама во голем дел беше надвор од процесот додека гласачите ги избираа кандидатите за добивање на претседателската номинација од редовите на демократската и републиканската партија. Но сега, кога Хилари Клинтон и Доналд Трамп се очекува да се соочат на општите избори во ноември, претседателот Обама се очекува да помогне демократ да биде во Белата куќа трет последователен мандат.

Американскиот претседател додаде дека разговарал со Клинон и со нејзиниот ривал, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс за време на процесот на прелиминарните избори и понудил совет. Тој додаде дека, не е изненаден што немал таков разговор со Доналд Трамп.

Обама со доза на шега кажа дека демократите се среќни што републиканските прелиминарни избори резултирале со Трамп, но изрази и загриженост велејќи дека земјата функционира најдобро кога обете партии се, цитираме, сериозни и се обидуваат да решаваат проблеми.

Тој додаде дека се надева дека обете партии ќе најдат начин како да работат заедно, нешто што во 2009-та било многу потешко да се оствари отколку што очекувал.

XS
SM
MD
LG