Линкови за пристапност

2015-та низ проценките на Американското пописно биро


На 1-ви јануари, населението во светот ќе нарасне преку 7,2 милијарди, а САД ќе имаат преку 320 милиони жители

На 1-ви јануари 2015-та, населението во светот треба да нарасне преку 7,2 милијарди, што е повеќе од 1% на истиот ден пред една година, според податоците на Американското пописно биро коешто истовремено проценува дека на почетокот на новата година САД ќе имаат преку 320 милиони жители.

Статистички, бројот на лица во САД ќе се зголемува со по едно раѓање на секои осум секунди. Исто така, имиграцијата ќе го зголемува населението во земјата со по едно ново лице на секои 33 секунди. Бирото проценува дека комбинацијата од бројот на новородени, починати (еден на секои 12 секунди) и дојдени како имигранти ќе резултира бројот на лица коишто живеат во САД да расте за еден на секои 16 секунди.

XS
SM
MD
LG