Линкови за пристапност

Трамп на неколкупати го критикуваше трговскиот дефицит меѓу САД и Кина, велејќи дека поседува вештини коишто ќе ја елиминираат постоечката нерамнотежа.

Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп вели дека САД, „не можат да продолжат да дозволат Кина да ја силува земјата“, во рамки на напорите на неговата кампања за обнова на односите на Америка со светот.

Трамп на неколкупати го критикуваше трговскиот дефицит меѓу обете земји, велејќи дека вештините да дојде до решение, ќе ја елиминираат постоечката нерамнотежа.

За време на обраќање воочи прелиминарните избори во сојузната држава Индијана, Трамп подвлече дека „работите ќе се променат“.

Според најновите анкети, Трамп води пред сенаторот од Тексас, Тед Круз. Доколку победи во Индијана, ќе биде поблизу до мнозинството од 1,237 делегати, потребно да ја добие претседателската номинација од редовите на Републиканската партија, додека Круз и гувернерот од Охајо, Џон Кејсик, се надеваат дека натпреварот за номинација ќе продолжи на партиската конвенција во јули.

XS
SM
MD
LG