Линкови за пристапност

Победа на Клинтон во Невада


Според експертите, победата на Клинтон покажува дека мрежата на поддршка на национално ниво останува силна и дека Сандерс мора да стори повеќе за да го привлече вниманието на демократите, надвор од помладите симпатизери

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон е на солидно место во трката за претседателска номинација од Демократската партија, по победата на партиските избори во сојузната држава Невада против главниот ривал, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.

Експертите велат дека победата на Клинтон покажува дека мрежата на поддршка на национално ниво останува силна и дека Сандерс мора да стори повеќе за да го привлече вниманието на демократите, надвор од помладите симпатизери, коишто ја поставија основата на неговата кампања.

На републиканска страна во водство е бизнисменот Доналд Трамп, по победите на изборите во Њу Хемпшир и Јужна Каролина. На второ место според најновите анкети се сенаторот од Флорида, Марко Рубио и сенаторот од Тексас, Тед Круз. Следната сабота демократите ќе ги одржат своите партиски избори во Јужна Каролина, а републиканците во Невада.

XS
SM
MD
LG