Линкови за пристапност

Започнаа партиските избори во Њу Хемпшир


Со гласање во помалите градови во оваа сојузна држава

Жителите во три помали градови во Њу Хемпшир, утрово излегоа на гласање, со што започнаа партиските избори во оваа сојузна држава.

Во Диксвил Ноч, од републиканска страна, гувернерот на Охајо Џон Касич доби три гласови, доволно за да биде подобар од милијардерот Доналд Трамп, којшто освои два гласа. Од редовите на демократите, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс ги доби сите четири гласови.

Касич и Сандерс победија и во градчето Хартс Локејшн.

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон забележа подобри резултати во Милсфилд, а од републиканска страна, победи сенаторот од Тексас, Тед Круз.

Воочи денешното гласање во Њу Хемпшир, анкетите покажуваат дека Сандерс има двоцифрено водство пред Клинтон.

Меѓу републиканската трка, Трамп има солидно водство пред Касич, Круз, сенаторот од Флорида, Марко Рубио и поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш – сите во тесна трка за второто место.

XS
SM
MD
LG