Линкови за пристапност

Џеб Буш и Рик Пери се вклучија во претседателската трка


Џеб Буш
Џеб Буш

Долга листа на републикански кандидати за Белата куќа

Поранешниот гувернер на Флорида и републиканец Џеб Буш официјално ќе се кандидира за претседателските избори 2016-та на 15-ти јуни во Мајами.

Син и брат на поранешни претседатели - Џорџ Херберт Вокер Буш и Џорџ Вокер Буш - 62-годишниот Џеб Буш кон крајот на минатата година соопшти дека прави прелиминарни чекори кон кандидатурата за Белата куќа.

Рик Пери
Рик Пери

Листата на републикански кандидати за претседател станува се` подолга. Денес се кандидираше Рик Пери, поранешниот гувернер на Тексас, којшто се обиде да ја добие републиканската номинација во 2012-та, но не успеа. Неговата кандидатура тргна по надолна линија кога за време на телевизиска дебата го заборави името на една од трите федерални агенции коишто вети дека ќе ги затвори доколку стане претседател.

XS
SM
MD
LG