Линкови за пристапност

Обама и Ромни фокусирани на „клучните“ држави


Анкетите покажуваат изедначена трка, така што придобивањето на се` уште неопределените гласачи може да направи голема разлика.

Американскиот претседател Барак Обама и републиканскиот предизвикувач Мит Ромни на неполни две недели од изборите ја насочуваат кампањата на државите што може да го решат победникот на 6-ти ноември.

Обама на митинг во тампа ги повика симпатизерите да не бидат “заведени“ од економскиот план на неговиот противник, поранешниот гувернер на Масачусетс.

Како „клучните“ држави гласаа на претходните избори
Како „клучните“ држави гласаа на претходните избори
„Се работи за површен договор. За најбогатите да важат други правила на игра, да плаќаат пониски даноци. Тие ги префрлаат работните места во други земји. Сакаат да ги закочат реформите на Волстрит. Оваа филозифија на гувернерот е веќе позната. Наликува на онаа што ја предизвика Големата депресија“, рече првиот човек на САД.

Обама ги посети и таканаречените клучни држави Вирџинија и Охајо.

Ромни денот го минува во Охајо. Во Синсинати, тој вети „големи промени“ за подобрување на образованието, економијата и растеж на стапката на нови работни места. Цитираше лице кое му се пожалило дека порано заработувало по 25 долари на час, а денес работи за 9.

„Слоганот на претседателот е „Напред“. За 23 милиони Американци тоа значи – враќање назад“, рече Ромни.

Посетата на Ромни во Охајо го потенцира фактот дека ниту еден републиканец не победил во трката за Белата куќа без да извојува победа во оваа сојузна држава.

Анкетите покажуваат изедначена трка, така што придобивањето на се` уште неопределените гласачи може да направи голема разлика.

Во меѓувреме, поранешниот државен секретар Колин Пауел му даде поддршка на претседателот Обама. Пауел ги поздрави неговите акции против тероризмот, завршувањето на војната во Ирак и обидите да се заврши онаа во Авганистан. Републиканецот Пауел го поддржа Обама и во 2008-ма.
XS
SM
MD
LG