Линкови за пристапност

Засилена реторика меѓу САД и Северна Кореја


Особено по најавите на Пјонгјанг за нов нуклеарен тест

Претседателот Доналд Трамп ја обнови заканата дека „ќе се погрижи“ за нуклеарната закана од Северна Кореја среде очекувањата од нов нуклеарен тест викендов, што предизвика провокативна реакција од виши претставници на Пјонгјанг.

„Ако САД излезат со неодговорни воени маневрирања, ние ќе се спротивставиме предострожен напад од овде”, изјави севернокорејскиот заменик-министер за надворешни работи, Хан Сонг Рјол во ексклузивно интервју за Асошиетед прес.

Претходно, Трамп реагираше на извештаите дека Северна Кореја се подготвува да детонира подземна нуклеарна направа уште во сабота за да ја одбележи годишнината од раѓањето на основачот на нацијата, Ким Ил Сунг.

„Северна Кореја е проблем“, рече Трамп во Белата куќа, и тој проблем ќе биде решен“.

Хан Сонг Рјол го обвини Трамп дека ќе крева тензиите на Корејскиот Полуостров.

Американскиот претседател истакна дека во меѓувреме, Кина „работи мошне напорно“ да ја намали меѓународната тензија околу Северна Кореја и дека се надева оти дипломатијата на Пекинг ќе биде ефикасна. Во одвоена изјава, Трамп сепак кажа дека доколку е потребно САД се подготвени да се справат со севернокорејската криза, без Кина.

Секретарот за одбрана Џејмс Матис, изјави дека Вашингтон „работи со своите меѓународни партнери за да ја стиши ситуацијата, но се сведува на тоа дека Северна Кореја треба да го смени своето однесување“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG