Линкови за пристапност

Британскиот медиумски скандал допре до САД


Британскиот медиумски скандал допре до САД

Британскиот медиумски скандал допре до САД

Американските власти вршат истрага дали компанијата на Рупетт Мурдок ги прекршила американските закони.

САД не можат да се оградат од медиумскиот скандал што деновиве ја потресува Британија. Таму во основа се работи за прислушкување на телефони, но тука има легални импликации затоа што седиштето на инволвираниот медиумски гигант, чиј претседател е Руперт Мурдок, е во САД.

Неколку американски сенатори и републиканскиот конгресмен Питер Кинг побараа истрага – дали компанијата Њуз корпорејшн на Мурдок ги прекршила американските закони. Генералниот правобранител Ерик Холдер, Комисијата за промет на хартии од вредност и ФБИ одговорија со прелиминарна истрага.

„Од аспект на кривично право, се работи за законот против странска корупција и веројатно има и некои прекршувања на приватноста, преку пошта и електронски. Може да има и поткуп, доколку на компаниите на мобилни телефони им било плаќано“, коментира поранешниот федерален обвинител Џеј Фаху

Њуз корпорејшн наводно ја поткупила британската полиција да добие информации за приказни што ги пласира во таблоидот Њуз оф д ворлд. Поранешниот уредник во весникот Енди Кулсон, кој некогаш бил портпарол на британскиот премиер Дејвид Камерон, е уапсен во случајот што инволвира не само можно прислушкување на телефони во Британија, туку и во САД – на жртвите од терористичкиот напад на 11-ти септември 2001.

Њуз корпорејшн поради случајот претрпе загуби во милијарди долари и беше принуден да се откаже од намерата да го купи Бритиш скај бродкастинг, најголемиот британски сателитски емитувач на програма.

Феликс Џилет, новинар оф Блумберг бизнисвик го истакнува ударот по акциите на компанијата.

„На хартија изгубија повеќе од пет милиони долари. Мислам дека акционерите се нервозни за иднината на целата компанија“, вели Џилет.

Руперт Мурдок е роден во Австралија, а зеде американско државјанство поради сопствеништво на медиусмки компании во САД. Неговиот имот вклучува холивудско студио и телевизиската мрежа Фокс и важи за влијателна личност меѓу американските конзервативци.

Многумина го критикуваат за интеграција на медиумите и оневозможување на јавноста да добие различни погледи за да носи информирани одлуки во едно демократско општество.

„Скандалот во Британија има потенцијал радикално да го смени медиумското милје таму, во САД и во цел свет“, коментира Дин Старкман од Колумвија џурнализам ривју.

Старкман вели дека скандалот со прислушкување на телефоните може да им даде поголема моќ на помалите медиумски организации да се спротивстават на Њуз корпорејшн. Едно од сценаријата е 27 дозволи за емитување на програма во САД што ги издава Федералната комисија за комуникации – да не бидат обновени.

XS
SM
MD
LG