Линкови за пристапност

Пораст на убиства во големите градови во САД


Сепак стапката во државата останува речиси на дното во 25 годишното опаѓање

Според денеска објавена студија, изминативе две години во САД е забележан пораст на стапката на убиства, главно од насилства во неколку големи градови во земјата.

Извештајот подготвен од Центарот за правда Бренан, при Универзитетот на Њујорк, покажува дека националната стапка на убиства во 2015-та година се зголемила за 10 проценти.

Се смета дека во 2016-та, стапката се зголемила од осум проценти. На три градови, Балтимор, Чикаго и Хјустон, отпаѓа половина од зголемувањето, стои во студијата.

Помеѓу 2014-та и 2016-та година, убиствата во Чикаго изнесувале 29 проценти од севкупното зголемување на стапката на национално ниво, додека оние во Балтимор и Хјустон придонеле со по 10 проценти од порастот.

Податоците за 2016-та година, авторите ги засноваат на прелиминарните информации на Федералното истражно биро (ФБИ), кои се однесуваат на првата половина од годината. Тие користеле и податоци од средината на минатата година, за да предвидат како ќе изгледа криминалната стапка за втората половина од 2016-та.

И покрај неодамнешниот пораст, стапката на убиства во САД и натаму останува речиси на дното, по 25-годишното опаѓање. Авторите на студијата забележуваат дека „централните подрачја на градовите се побезбедни споредено со кој било период од минатото“.

И покрај зголемениот тренд, вкупната стапка на криминал поврзан со насилство во САД, е за околу 49 отсто пониска споредено со 1991-та година, а стапката на насилен криминал во 30 најголеми градови во земјата се намалил за околу 63 проценти во текот на истиот период.

(Џошуа Фатсик)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG