Линкови за пристапност

САД се залагаат за откажување на изборите во Македонија


На прашање на Гласот на Америка, од Амбасадата на САД ни рекоа дека чекор напред ќе биде повторно свикување на Собранието и поништување на помилувањата

„Фактот дека само една голема политичка партија поднесе кандидатски листи за 5-ти јуни, ја истакнува и засилува загриженоста дека нема погодни услови за спроведување на кредибилни избори. Престои уште работа во врска со реформите во медиумите, заплашувањето на гласачите, како и избирачкиот список. Помилувањата на претседателот од 12-ти април, само придонесоа кон зголемување на чувството на неказнивост, особено кога се однесува до можни изборни злоупотреби. Доколку на 5-ти јуни се одржат избори, тие со ништо нема да придонесат за решавање на политичката криза во Македонија или во изградбата на доверба во институциите, само ќе ја загрозат евро-атлантската интеграција на земјата.

Соединетите Американски Држави ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна агенда за реформи, втемелена во Договорот од Пржино, Итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе, и препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Во соработка со ЕУ, ние сме посветени да помогнеме во решавањето на оваа состојба, меѓутоа решението ќе бара јасно покажување на политичка волја“, се вели во одговорот на американската амбасада во Скопје, на прашањето на Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG