Линкови за пристапност

Невработеноста во САД во февруари најниска последниве четири години.

Пазарот на труд во САД минатиот месец се проширил за 236.000 работни места, додека нивото на невработеност опаднало на 7,7% - најниско последниве четири години.

Денешниот, неочекувано позитивен владин извештај сигнализира дека најголемата економија во светот можеби започнала да закрепнува побрзо.

Вишиот економист Марк Витнер од банката Велс Фарго вели дека позитивните податоци можеби навестуваат значително подобрување.

“Има големо подобрување во економијата што луѓето почнаа да го согледуваат, а бројките започнаа да го покажуваат. Ова навистина личи на вистинско закрепнување“, вели Витнер.

236-те илјади работни места во февруари доаѓаат згора на, во просек, по 195 илјади во последните три месеци.

Економистите предвидуваа дека невработеноста ќе остане непроменета, на нивото од јанури - 7,9%. Февруарското ниво, сепак, е далеку над износот од 5% што со децении владееше во САД, пред земјата да западне во рецесија 2008-мата.

Според Бирото за трудова статистика, во февруари биле отворени нови работни места најповеќе во професионалните и деловни услуги, во градежништвото и во здравствената заштита.
XS
SM
MD
LG