Линкови за пристапност

САД и Јапонија го зајакнуваат сојузништвото


Државниот секретар Кери и првиот човек на Пентагон Хагел со јапонските колеги во Токио потпишаа заеднички упатства за одбрана.

САД ќе стационираат нов радар за противракетна одбрана во Јапонија и ќе распоредат беспилотни летала за набљудување во Пацификот, согласно договорот постигнат од виши американски и јапонски официјални лица.

Ваквите чекори се дел од обновените заеднички упатства за одбраната кои денеска државниот секретар Џон Кери и првиот човек на Пентагон, Чак Хагел ги потпишаа со јапонските колеги во Токио.

Според договорот, САД ќе распоредат беспилотни летала со долг дострел од типот Глобал Хок за да ги надгледуваат активностите во Пацификот, каде Јапонија е инволвирана во тероторијален спор со Кина. САД исто така ќе распоредат радарски систем во воздушната база Кјогамисаки на западното крајбрежје на Јапонија следната година како противтежа на заканите од проектили од Северна Кореја.

Според договорот ќе бидат релоцирани 5.000 американски маринци од Окинава до други области на Пацификот, а Јапонија ќе подмири третина од трошоците за релокација.

Кери и Хагел се наоѓаат на неколкудневна турнеја низ Азија како дел од напорот за промоција на новиот дипломатски и безбедносен фокус на претседателот Барак Обама на Пацификот.
XS
SM
MD
LG