Линкови за пристапност

Обама и Нетанјаху се судрија околу иранската нуклеарна програма


Со писмо реагираше и група републикански сенатори

Претседателот Барак Обама вели дека американските и иранските преговарачи ги намалиле разликите околу иранската нуклеарна програма, но подвлече дека е подготвен да ги прекине преговорите доколку не биде постигнат прифатлив договор.

Во синоќа објавеното, претходно снимено интервју за телевизијата Си-Би-Ес, Обама кажа дека договорот мора да овозможи инспектори од западните земји да потврдат дека официјален Техеран не развива нуклеарно оружје.

Предвидениот рок за постигнување на договорот е до крајот на март. Обама вчера изјави дека „ако не се постигне договор, ќе се повлечеме од преговорите“.

Претходно, за Си-Би-Ес коментираше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој рече дека со претседателот Обама „споделуваат иста цел“ - да го спречат Иран да развие нуклеарно оружје. „Не се согласуваме по прашањето како да го сториме тоа“, рече Нетанјаху.

Денес пак, група од 47 републикански сенатори го предупреди Иран дека спогодбата којашто ја договара со претседателт Обама би траела само додека тој не си замине од функцијата, на почетокот на 2017-ма. Во писмо до властите во Техеран, сенаторите подвлекуваат дека доколку спогодбата, за којашто за којашто во моментов Иран преговара со САД и пет други светски сили, не биде одобрена од страна на Конгресот, таа не ќе претставува ништо друго освен договор меѓу Обама и иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Каменеи.

Иран тврди дека нуклеарната програма е за мирнодопски цели и дека има ограничен капацитет да развива енергија за цивилна употреба.

XS
SM
MD
LG