Линкови за пристапност

Трамп и Ал-Абади задоволни од напредокот во справувањето со ИД


Ова беше прва лице-в-лице средба меѓу американскиот претседателот и премиерот на Ирак

Претседателот Доналд Трамп и ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади по првата лице-в-лице средба во Белата куќа, ја пофалија заедничката борба на нивните земји против Исламската држава.

Ирачките сили се справуваат со Исламската држава на копно, а се поддржани од воздушните коалициони напади предводени од САД. Во моментов главна цел на кампањата е повторно заземање на контролата на Мосул.

Средбата на претседателот Трамп со ирачкиот лидер се случува во време кога САД се подготвуваат за состанокот на Глобалната коалиција посветен на поразување на Исламската држава, а на кој ќе учествуваат претставници од 68 земји од светот. Ова е прва средба на коалицијата во полн состав од 2014-та година, наваму.

Според владино соопштение, на агендата ќе се најдат неколку прашања како финансирање на антитерористичките операции и стабилизација на областите кои повеќе не се под контрола на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG