Линкови за пристапност

Претседателот Обама во одбрана на трансакцијата до Иран


Тој истакна дека трансферот не бил никаква зделка и дека владата била целосно транспарентна околу тоа.

Претседателот Барак Обама порекнува дека исплатата на 400-те милиони долари во кеш на Иран, на истиот ден на ослободување на четворица американски заложници, била криминална зделка.

Обама кажа дека одлуката за трансакцијата била објавена во јануари, еден ден по имплементацијата на нуклеарниот договор на САД со Иран.

Американскиот претседател додаде дека трансферот не бил никаква зделка и дека владата била целосно транспарентна околу тоа.

Според Вол стрит џурнал, исплатата во кеш била во неамериканска валута, доставена со авион што немал никакви ознаки. Обама изјави дека тоа било единствената нова информација, додавајќи дека причината зошто трансакцијата била извршена на таков начин е заради тоа што САД се прецизни во одржување на санкциите, и немаат воспоставено банкарски систем со Иран.

XS
SM
MD
LG