Линкови за пристапност

САД и три европски држави со упатства за односите со Иран


Одредени бизниси и натаму имаат нејаснотии за регулативите и затоа се воздржуваат да инвестираат или тргуваат со оваа земја

САД и трите европски сојузници – Британија, Франција и Германија, велат дека сакаат да елиминираат каква и да е конфузија околу тоа кои инвестиции и деловни зделки со Иран се дозволени, по постигнувањето на нуклеарниот договор со оваа земја.

Стејт департментот ги охрабрува компаниите да ги контактираат владите директно, наместо да ги заобиколуваат можностите заради погрешни интерпретации и недостаток на информации.

САД и ЕУ укинаа поголем дел од санкциите против Иран во јануари, откако Техеран се согласи да ги запре активностите на неговата нуклеарна програма.

Но, одредени бизниси и натаму имаат нејаснотии околу тоа што е дозволено, а што не е, и затоа се воздржуваат да инвестираат во Иран или да тргуваат со оваа земја.

Претседателот Барак Обама кажа дека кога Иран тестира балистички проектили со слогани повикувајќи на уништување на Израел, бизнисите стануваат нервозни.

XS
SM
MD
LG