Линкови за пристапност

Обама планира да заштити милиони недокументирани имигранти од депортација


Имигранти и активисти на протест пред Белата куќа бараат извршна наредба на претседателот Барак Обама за имиграцијата

Имигранти и активисти на протест пред Белата куќа бараат извршна наредба на претседателот Барак Обама за имиграцијата

Републиканците најавуваат дека ќе се спротистават со сите сили

Се бие нова имиграциона битка во Вашингтон, среде медиумските извештаи дека претседателот Барак Обама планира едностран потег што би заштитил до 5 милиони недокументирани имигранти од депортација.

Официјални лица коишто се запознати со планот наведуваат дека Обама уште на почетокот на наредната недела би можел да ја соопшти одлуката, или пак ќе почека до наредниот месец, Конгресот да го одобри владиниот буџет.

Што и да се случи, потегот посекако ги разгневи републиканците коишто веќе се подготвуваат да го блокираат. Претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер вчера кажа дека републиканците „со сите сили ќе се борат против претседателот доколку продолжи по овој пат“. Тој предупреди - сите можности се во игра. Претседателот Обама, пак, за време на посетата на Мјанмар, денес возврати дека „наместо да трошат време да ги спречуваат моите законски постапки“, републиканците би требало „да посветат време на усвојување на законска мерка“ за реформа на имиграцијата.

XS
SM
MD
LG