Линкови за пристапност

САД ќе депортираат илегалци од Централна Америка


Први ќе бидат депортирани недокументираните кои влегле во државата по 2014-та

Бирото за имиграција и царина на Министерството за внатрешна безбедност на САД планира во мај и во јуни да депортира мајки и деца од Централна Америка, кои нелегално имигрирале во САД, и кои ги искористиле сите правни механизми кои се на располагање.

Рациите ќе траат еден месец и ќе бидат фокусирани на стотици мајки и деца, кои веќе се регистрирани дека мора да ја напуштат државата.

Во акцијата ќе бидат опфатени и малолетници, кои не се документирани и кои влегле во државата без заштита, а од тогаш наполниле 18 години.

Портпаролот на Бирото за имиграција и царина Џенифер Илзиа вели дека Одделот за домашна безбедност мора да го спроведе законот доследно, постапувајќи според приоритетите.

„Сегашните операции се продолжение на акциите кои ги почна секретарот за домашна безбедност Џеj Џонсон во јануари и во март“, додава Илзиа.

Надлежните велат дека имигрантите, кои нелегално влегле по први јануари 2014 година, се први за депортација.

„ Тука се вклучени и возрасни кои се сами, како и оние што ги зеле децата со нив“, изјавуваат надлежните.

Администрацијата на Обама почна бран рации за депортација на илегалците во јануари, фокусирајќи се на имигрантите во Централна Америка, кои не се јавиле на наредбите за напуштање на државата.

Властите за имиграција уапсија 121 лице. Тие беа првите акции од мај 2014 година.

Џонсон рече дека лицата биле однесени во затвор во Тексас, Џорџија и во Северна Каролина.

„Тие лица ги искористија сите соодветни правни лекови“, рече Џонсон во јануари.

Аналитичарите ги поврзуваат рациите со зголемување на насилството на банди во Централна Америка, како и со напорите на луѓето да се поврзат со членовите на нивните семејства во Америка.

Но, во март Џонсон на расправа во американскиот Сенат, рече дека јануарските рации придонеле да се намали бројот на луѓе што се обидуваат да мигрираат нелегално.

Американската гранична патрола забележа неколку нелегални премини меѓу јануари и март.

XS
SM
MD
LG