Линкови за пристапност

Обама наложи промени во политиката за откуп за заложници


Барак Обама: промена во политиката по шестмесечна ревизија
Барак Обама: промена во политиката по шестмесечна ревизија

Семејствата на грабнатите повеќе нема да бидат во опасност од кривично обвиннеие затоа што преговарале со терористи или платиле откуп

Претседателот Барак Обама соопшти дека владата повеќе нема да им се заканува со кривично обвинение на американските семејства затоа што се обиделе да преговараат со грабнувачите - терористи или затоа што платиле откуп за ослободување на своите најблиски коишто се држат како заложници.

„Мора да сториме подобро“, рече Обама, наложувајќи промена во американската политика, по извршена шестмесечна ревизија. Тој се заложи дека владата ќе ги користи „сите инструменти на националната моќ“ за да ги врати Американците коишто се држат во заробеништво во странство.

Новата политика вклучува поефикасна соработка со семјствата на заложниците, како што е споделување на информации со семејствата и соработка со приватни инстанци за лоцирање и спасување на заложниците.

Иако американските власти може да комуницираат со грабнувачите и нивните посредници, претседателот Обама сепак рече дека нема да се промени еден аспект на американската политика којшто трае веќе долго време.

„Потврдувам дека американската влада нема да прави отстапки како што е плаќање на отпкуп на терористички организации коишто држат заложници - Американци“, кажа Обама. „Знам дека ова може да биде премет на значителна јавна дебата. Тоа е тешко и емотивно прашање, особено за семејствата“.

Па сепак, според новата политика, семејствата на заложниците нема да бидат во опасност од кривично обвинение поради плаќање на откуп.

Комитетот за заштита на новинари, организацијата со седиште во Њујорк чиишто членови според природата на професијата се особено изложени на опасност од грабнување од страна на терористи, соопшти дека ја поддржува промената на политиката. Извршниот директор на Комитетот Џоел Сајмон рече дека таа “би требало да ја ублажи маката на семејствата и да ги подобри шансите за успешна завршница“. Тој рече и дека „секое грабнување е различно, така што успешната разврска зависи од одржувањето на флексибилен, прагматичен пристап“.

Белата куќа соопшти дека во моментов во светот има над 30 заложници - Америкаци. Милитантите на Исламската држава последниве години обезглавија неколку заложници од САД и други западни земји.

Семејствата на некои од заложниците ја критикуваа владата на Обама за начинот на кој реагираше на грабнувањата, особено на заканите упатени до нив за кривичен прогон затоа што се обиделе да платат откуп.

XS
SM
MD
LG